Минативе две години AMD излезе во пресрет на многу гејмери со поплиток џеб со своите RX графички картички. Сепак, оние кои сакаа максимум перформанси, секогаш се одлучуваа за Nvidia GTX 1080 или 1070, модели кои беа многу подобри од се што имаше да понуди AMD.
Ова ќе се промени со RX Vega графичките на AMD, кои според најавите би можеле да ги симнат моделите на Nvidia од тронот кога се во прашање гејмерските перформанси.
Компанијата засега претстави 3 модели со ист процесор – Vega 10: AMD Radeon RX Vega 64 Liquid; AMD Radeon RX Vega 64 и AMD Radeon RX Vega 56.
Најдобрата картичка од оваа серија е RX Vega 64 Liquid. Картичката доаѓа со 4.096 стрим процесори; работна фреквенција од 1.406 MHz и буст до 1.677 MHz. Картичката доаѓа со 8 GB HBM2 меморија и за напојување се потребни 345W. Лошата вест е што за оваа верзија се потребни 700 долари. Добра вест, картичката е со водено ладење.
Radeon RX Vega 64 е речиси идентична со Liquid моделот, но доаѓа со воздушно ладење. Поради ова буст фревенцијата е пониска, и изнесува 1.471 MHz. Картичката доаѓа 8GB HBM2 меморија, а замената за воденото ладење и пониската фреквренција е и пониското напојување кое е потребно, 295 W.
Иако доаѓа со истиот процесор, Vega 56 доаѓа со помалку стрим процесори. Поради помалиот број (3.585) стрим процесори, картичката е најслаба во оваа серија. Работната фрекфенција е 1.156 MHz, a нуст фреквенцијата 1.471MHz. Картичката доаѓа со 8GB HBM2 меморија со нешто пониска фреквенција. Напојувањето на картичката е 210W.
Поврзани артикли