Инструмент кој емитира ноти во зависност од мозочните сигнали на личноста е последниот пример на технологија која може да се контролира со ум и која ќе им помогне на оние со лимитирани движења полесно да се вклопат во светот.
Уредот кој невролозите го нарекле Енцефалофон би можел да им помогне на оние кој доживеале мозочен удар или поради парализа се ограничени во нивната интеракција со музиката – нешто што е докажано дека има значајни терапевтски придобивки.
Изминатите декади имало многу обиди да се користат мозочно-компјутерски интерфејси (BCI) за продуцирање на музика, со ограничен успех.
Напредокот во BCI технологиите сега овозможува контрола врз разни видови на други технологии, овозможувајќи на оние кои немаат контрола врз своите екстремитети да се движат, манипулираат со објекти, па дури и повторно да возат.
Во овој случај, технологијата овозможува свирење на виртуелна клавијатура, со помош на Енцефалофон – уред кој контролира пијано со мозочни бранови.
Во суштина, мозочните бранови се форма на електрична активност и се создаваат со малите флуктуации на волтажата низ мембраните на клетките во централниот нервен систем.
Различните модели на промени на волтажата произведуваат различни фреквенции, а промената на активноста во мозокот, без разлика дали таа е преку промена во свесноста или концентрацијата, може да креира суптилни варијации на различните модели на бранови.
За Енцефалофонот, истражувачите користеле алфа бранови, како и му-бранови од визуелниот и моторен кортекс во мозокот.
За да уредот се калибрира, 15 возрасни доброволци користеле две методи. Во првиот, ги отворале и затварале очите во траење од 15 секунди за да ја променат активноста во нивниот визуелен кортекс, додека вториот вклучувал визуализирање на отворање и затварање на шаката на десната рака.
И двата методи ги поврзале промените во мозочната активност со 8 вредности на главната музичка скала.
По одредени индивидуални сесии за вежбање, од доброволците било побарано да „отсвират“ нота со ист тоналитет како 3 звуци од Енцефалофонот.
Резултатите не биле успешни кај сите, но не биле ни случајни.
Инаку, слушањето (но и свирењето) на музика е докажано дека има терапевтстки придобивки кај оние кои доживеале невролошка траума која следи по мозочен удар, и би било одлично кога со помош на вакви мозочно-компјутерски инструменти повторно би им се овозможило да свират на пациентите со моторни недостатоци тоа се спречени да го прават.
Извор: Science Alert