„Инстакс Мини 9“ е преносен фотоапарат кој нуди вистинско ретро задоволство: За неколку секунди изработува фотографии, исто како и старите фотоапарати.
Уредот се пали на копче што се наоѓа до леќите, па следи автоматско одредување светлина, а потоа го информира корисникот за поставките по што ја избираме опцијата за изработка на фотографијата.
Фотоапаратот содржи леќи за фотографирање одблизу, како и мало „селфи“ огледало. Работи на АА батерии.
Апаратот користи мал филм, што чини 12,49 долари. Цената на самиот фотоапарат пак, е 64,50 долари, а достапен е и на интернет страницата Амазон.
Поврзани артикли