Google и Pinterest на корисниците им овозможуваат да пребаруваат производи со помош на фотографии. Тоа значи дека ако видите нешто што ви се допаѓа или фотографија на Интернет од парче облека кое сакате да го купите, можете да пребарувате со фотографија. Оваа опција досега не беше достапна на eBay.
Е-трговецот сега лансираше две нови опции за визуелно пребарување: Image Search и Find It On eBay. Првата опција им овозможува на кориснциите за фотографираат предмети и со помош на фотографијата да бараат слични на eBay. Втората опција им овозможува на корисниците да внесат URL од други страници на eBay и трговецот ќе се обиде да им најде слични производи.
Според eBay, овие опции се додадени со цел луѓето да не трошат часови барајќи нешто на eBay. Со помош на вештачка интелигенција и машинско учење се подобрува целосно корисничко искуство на eBay. Колку повеќе луѓето ја користат опцијата Image Search, eBay ќе може да им дава подобри резултати и да прави попрецизно филтрирање.
Поврзани артикли