По растот од еден процент на акците на Amazon тој му го одзеде приматот на Бил Гејтс

Основачот на Amazon, Џеф Безос е најбогатиот човек на светот. По растот од еден процент на акаците на Amazon тој му го одзеде приматот на Бил Гејтс и сега со 90.6 милијарди долари тоа е на првото место во елитното друштво на супер богати луѓе. Forbes ја процени и актуелната финансиска состојба на Гејтс, кој „тежи“ точно 90 милијарди долари.

Безос инаку е сопственик на голем број компании, а меѓу другите во негова сопственост е и весникот „Вашингтон пост“, како и компанијата за вселенски летала „Блу Ориџин“.