Пред две години на пазарот на конзоли пристигна NES Classic, лани пристигна SNES Classic, а годинава пристигна PlayStation Classic, но оние кои го очекуваат доаѓањето на Nintendo 64 Classic залудно се надеваат.

Директорот на Nintendo за Америка, Реги Филс-Аиме рече дека не може да ја исклучи таквата можност, но дека конзолата N64 Classic воопшто не е во плановите.

„Јасно ни е дека претходните две Classic конзоли би биле прилика во ограничено време и начин да го премостиме времето помеѓу заминувањето на конзолата Wii U и доаѓањето на Nintendо Switch. Тоа беше стратешка причина за доаѓањето на NES Classic конзолата. Иако потрошувачите можеби нешто очекуваат, нагласувам дека претходните потези беа само искористени прилики во ограничено време. Јасно ни е дека потрошувачите се радуваат на класичната содржина која ќе ја има се повеќе со услугата на претплатата”, изјави Филс-Аиме.