Затегнатите односи меѓу Кина и САД и натаму имаат силно влијание врз технолошката индустрија. Наскоро, трговската војна ќе влезе во една сосема нова фаза што ќе има уште директно директно влијание врз самите потрошувачи.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп наметнува повисоки тарифи за увозот на стока во вредност од Кина, во вредност од милијарди долари. Зголемувањето сега изнесува дополнителни 15%, пренесува CNBC.

Ова значи дека сите стоки направени во Кина, а кои стигнуваат на американскиот пазар ќе бидат поскапи за уште 15%.

Се очекува овие процеси да придонесат за вештачко вреднување на производите во клучните области, вклучително и електронската потрошувачка. Експертите од Consumer Tech Association (CTA), кои претставуваат повеќе од 2.000 различни компании, сметаат дека новите тарифи ќе бидат најзабележителни на крајот на годината.