Доналд Трамп уште во првите денови на својот мандат му вети на народот дека ќе врати бројни бизниси од Далечниот Исток во САД, а во текот на претседателската кампања неколку пати ја истакнуваше Apple како компанијата која ќе ја натера да вработува Американци. Во најновото интервју кое го даде за Wall Street Journal, Трамп повторно се осврна на Apple и рече дека неодамна повторно разговарал со Извршниот директор, Тим Кук.

„Разговарав со него, ми вети три големи и прекрасни фабрики – големи, големи, големи“, изјави во својот познат елоквенетн стил. Кук наводно лично го повикал претседателот да му соопшти дека плановите за изградба на фабриките добро напредуваат.

Од Apple немаа коментар на овие вести, а судејќи според љубовта на Трамп кон „алтернативните факти“ не е исклучена дека вистината е сосема поинаква. На пример, во американските медиуми се шпекулира дека Foxconn би можел да добие поголем државен поттик во Висконсин и Мичиген за отворање на производни погони. Бидејќи таа компанијата е најголемиот партнер на Apple за склопување медиуми, можно е дека Тим Кук мислел токму на тие планови кога најавил изградба на фабрики на Apple во САД.