Paint оди во историјата, погледнете што друго ќе укине Microsoft

Microsoft го подготвува новото ажурирање на Windows 10 системот наречен Autumn Creators Update со голем број на нови опции. Меѓутоа, еден од најдолговечниот додаток на Windows ќе престане да постои, а тоа е Microsoft Paint.

Оваа алатка за прв пат е објавена со првата верзија на Windows 1.0 во 1985 година и беше еден од првите графички едитори кој беше користен од милиони луѓе.

Во новата верзија на Windows 10 доаѓа Paint 3D, кој ќе има опција за правење 3D слики и кој нема да има ништо слично со стариот Paint. Иако оваа алатка никогаш не беше напредна, сепак беше лесна за користење или за губење време.

Покрај Paint, со новата надградба ќе бидат укинати уште неколку други опции и програми, како на пример Outlook Express, Sync Your Settings, System Image Backup и Reader апликација, која отсега натаму ќе биде интегрирана во прегледникот на Microsoft, Edge.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 + 9 =