За време на минатогодишното издание на Tech World, Lenovo предизвика интерес со прототипот на мобилен уред на преклопување кој може да го носите на вашиот зглоб, кога не го користите.

Година подоцна компанијата повторно го искористи настанот за да демонстрира футуристички уред.

Овој пат концептуалната верзија на Lenovo Folio пораснала од 5.5 инчи на 7,8 инчи, што ја прави таблет. Уредот има флексибилен екран осетлив на допир со резолуција 1920х1440 пиксели. Чипсетот е Snapdragon 800. Оперативниот систем е Android 7.0, а уредот има и e-SIM картичка.

Засега Lenovo Folio цврсто останува во концептуална фаза, па дури и да го видиме на пазарот, сосема можно е некои од параметрите да бидат променети.

По две години по ред на Tech World, можеби во 2018 година ќе настапи времето кога уредот најпосле ќе биде подготвен за премиера.