Сте знаеле ли дека со користење на само еден од забранетите хаштагови, привремено ги правите и сите останати хаштагови на таа објава невидливи?
Од неодамна, социјалната мрежа Instagram забрани дури 60.000 ознаки, а иницијалната причина да започне хистеријата наречена „Instagram Shadowban“ било нивното претерано користење во објавите на корисниците.
Како причини за забраната се издвојуваат користењето ботови, автоматски сервиси, купувањето следбеници, постојаното користење исти ознаки, тагови во тагови… Истовремено, целта е и да се прочисти платформата од порнографски и други непримерни содржини.
А, во суштина, тоа значи дека вашиот хаштаг не може да се открие, или пак, ако може, тогаш вашите објави ќе ги видат само оние кои ве следат. Ова е еден од начините со кои Инстаграм се бори со споменатите проблеми.
И, додека за вулгарните ознаки од типот на #booty, #twerk, #eggplant или #boobies ни е сосема јасно зошто се најдоа на црната листа, меѓу другото, постојат и хаштагови за кои никогаш не би ви паднало на памет дека се непристојни, или пак, дека имаат врска со порнографски содржини, а Инстаграм исто така ги забрани.
Од „книги“ и „мозок“, преку „бохо“ и„ костуми“, па сe до „Велигден“ – прочитајте ги хаштаговите кои се забранети на Инстаграм, а повеќето луѓе не ни знаат:
ИЗВОР: Huffington Post