Директорот на компанијата SpaceX Елон Маск откри дека планира побрзо да ги „рециклира“ веќе искористените ракети Falcon 9, како и носечките конусни ракети.
SpaceX успешно одново лансираше и спушти ракета Falcon 9 за прв пат во март, а новиот плане да ги спушта и одново да ги користи за помалку од 24 часа. Маск смета дека тоа ќе може да го прави веќе од 2018 година.
Минатиот месец компанијата одново ја искористи товарната капсула Dragon за прв пат во историјата, а претходно SpaceX успешно спушти носечки конус. Сега работат на спуштање и одново користење на конусот, што според Маск е блиску до реализирање.
Ваквото „рециклирање“ на сите компоненти е неопходно за мисијата на Марс, а тоа значително ќе помогне во намалувањето на трошоците за летовите во вселената. Само носечкиот конус чини 6 милиони долари.
Во април компанијата соопшти дека репарацијата и повторното лансирање на ракета Falcon 9 од првата фаза чинат помалку од половината од трошоците за лансирање на нова ракета. Меѓутоа, Маск рече дека рециклирањето на капсулата Dragon чини исто, ако не и повеќе од производството на нова капсула.
Маск рече дека SpaceX ќе се обиде да спушти и одново да користи и ракета од втора фаза. Ако успее во тоа, компанијата ќе биде многу поблиску до целта: брзо и потполно повторно користење на ракети.