Кинеската компанија Meizu најави дека ќе промовира паметен телефон со дисплеј на задната страна.
Смартфонот Meizu Pro7 после неколку тизери официјално беше претставен на Твитер. Компанијата соопшти дека официјалното претставување ќе биде на 26 јули и објави фотографија од смартфонот на која се гледа дека има екранче од задната страна.
Со сигурност може да се заклучи дека на задната страна има две камери, блиц и вертикален секундарен дисплеј во боја.
Уредот наводно ќе има нов Helio X30 процесор, примарен дисплеј од 5,2 инчи, две задни камери од 12 мегапиксели, како и предна камера од 16 мегапиксели.