Samsung испрати покани презентацијата што ќе се одржи на 23. август во Њујорк
Јужнокорејската компанија Samsung испрати покани за Unpacked настанот наречен „Do Bigger Things“ кој ќе се одржи на 23. август во Њујорк, а иако од компанијата не објавија за што станува збор и што ќе претстават, медиумите се уверни дека можеме да очекуваме нов модел од Note серијата.
Првите модели на Note, Samsung ги претставуваше во текот на Саемот IFA во Берлин на почетокот на септември, додека последните модели беа презентирани во август, па речиси е сигурно дека се работи за Galaxy Note 8. Веќе самата покана открива дека овој фаблет ќе има голем заоблен екран без рабови од страна о дека уредот ќе се испорачува со S-Pen.
Што се однесува до хардверот, Note 8 би требало да работи на Snapdragon 835 процесорот, односно Samsung Exynos 8895 (зависно од пазарот), очекуваме 4 GB RAM, 64 GB меморија (можеби и влез за microSD мемориски картички), се споменуваат и две задни камери (со резолуција од 12 и 13 MP), како и батерија од 3300 mAh. Исто така, овој уред ќе го има и гласовниот асистент на Samsung, Bixby и ќе биде водоотпорен, а сите официјални информации околу новитетите што ќе ги донесе новиот Note ќе ги дознаеме за еден месец – Unpacked конференцијата ќе се одржи во Њујорк и сите љубители на оваа компанија ќе можат да ја следат во живо преку Интернет.