Компанијата позната по услугите на онлајн плаќање постигна договор со Visa за издавање дебитни картички во Европа.
PayPal постигна договор со Visa која му овозможува издавање на дебитни картички во Европа. Со тоа оваа компанија позната по услугите на онлајн плаќање најавува влез во областа на традиционалното банкарство.
Двете компании потпишале договор за соработка во пружање на услуги на платен промет ширум Европа. Тоа значи дека PayPal, кој веќе има банковна лиценца во Европа, ќе може да понуди Visa дебитни картички со својот бренд на нив.
Договорот со Visa ќе им овозможи на корисниците на PayPal пристап до бесконтактните платни места на Visa во продавниците во Европа , а ќе може да плаќаат и преку телефон по пат на своја PayPal сметка.
Тој потег, како што се очекува, посебно ќе ги привлече малите фирми кои на сметка на PayPal имаат парични суми предвидени за купување на залихи, како и лица кои немаат банкарски сметки, а користат PayPal, пишува „Фајненшел тајмс“.
Договорот со Viza на PayPal му отвора широка база клиенти бидејќи бизнисот го селат на граѓанството.
Според зборовите на шефот на секторот за плаќање, производи и инженеринг Џим Мегатс, PayPal планирал да покрене дебитни картички иако тоа не им била примарна цел.
PayPal има неколку важни клиенти кои за секојдневна потрошувачка попрво би користеле PayPal отколку банкарска сметка, а постојат и корисници кои сите онлајн трансакции ги вршат преку PayPal што сакаат да го продолжат и преку нивните дебитни картички, објаснува тој.
Поврзани артикли