Новата малвер програма наречена „LeakerLocker“ може да се преземе преку апликацијата „Google Play“ и без ваше знаење може да испраќа ваши фотографии, вашата историја на посетени веб-страници и пораки со вашите пријатели.
Малвер програмата може да го заклучи вашиот екран и да направи бекап на сите ваши приватни податоци што ги чувате во „Google Play“. Потоа, ако не им платите на сајбер-криминалците што стојат зад програмата, малверот сите ваши податоци ќе им ги испрати на пријателите.
Најголемите компании за безбедносна технологија известуваат дека апликациите „Wallpaper Blur HD“ и „Booster & Cleaner Pro“ се најзагрозените апликации што би можеле да го пренесат малверот.
Апликацијата „Wallpaper Blur HD“ досега е преземена помеѓу 5.000 и 10.000 пати, додека „Booster & Cleaner Pro“ е преземена помеѓу 1.000 и 5.000 пати. „Гугл“ ги истражува апликациите за да ги намали заканите и да ги заштити своите корисници.
Компаниите за сајбер-безбедност велат да не ја плаќате сумата што ја бараат сајбер-криминалците. Со плаќање само дополнително ги зајакнувате и им овозможувате да ги шират своите закани кон поголем број корисници на „Гугл плеј“. Освен тоа, не постои гаранција дека ќе ви го отклучат телефонот или таблетот доколку им платите.
Доколку се одлучите да платите, по уплатата на парите, на екранот треба да се појави порака: „Вашите податоци се избришани од нашиот сервер, вашата приватност е зачувана“.
ИЗВОР: Факултети.мк