YouTube конечно го додаде краткиот приказ на видео (thumbnail previews) во десктоп верзијата на својот сервис. Корисниците сега можат со маусот да преминат преку thumbnail-от на сајтот и да добијат приказ на видео содржината во траење од 3 секунди. Ова засега работи само на одредени браузери (Chrome i Opera) и не е достапно за мобилната верзија.
Недостатокот на кратки прикази правеше потешко да се процени содржината на видеото, што ги форсираше корисниците секогаш да го стартуваат видеото. Ова од некои креатори на содржина беше искористено да се креираат “clickbait” слики за thumbnail, со што гледачите се наведуваа да кликнат на видеото кое има зголемен или ирелевантен thumbnail.
Сепак, уфрлањето на краткиот приказ во видеото изгледа нема долго да ги спречи креаторите на содржини од злоупотреба на clickbait-ови. Во YouTube објават стои: „Моментно, креаторите не се во можност да го изберат preview што се прикажува. Ова сугерира дека YouTube во иднина би можел да им овозможи на креаторите да изберат што ќе се прикажува во трите секунди на thumbnail-от.
Поврзани артикли