Кому му е потребен шести прст?
Студентката на Кралскиот колеџ за уметност во Лондон, Дани Клод својата необична и малку бизарна идеја ја спроведе во дело, па така настана необичниот додаток за рака под името „Трет палец“ (Third Thumb).
Во прашање е протеза креирана со 3D принтер, која на човековата шака ќе додаде уште еден дополнителен, таканаречен шести прст.
Главната цел на додатокот е да ја промени улогата на протезата, односно да ја промени перспективата и перцепцијата на луѓето, и на протезите на почнат да гледаат како на додатоци за своите тела кои можат да им помогнат и да им го олеснат секојдневниот живот.
Вештачкиот прст се поставува на задниот дел на шаката, а се придвижува со помош на нараквица во која се наоѓа механизам кој помага да се управува со прстот. Личноста која го носи прстот го контролира преку сензори што се наоѓаат под стапалото и кои преку Bluetooth ги испраќаат информациите до нараквицата која потоа го движи прстот.
Иако звучи комплицирано, Дани истакнува дека луѓето многу брзо се навикнуваат на управување со овој додаток и дека ништо не е потешко од возење со автомобил и притискање на педалата за гас или сопирачка.
Third Thumb засега е само прототип, но Клод се надева дека ќе заживее во блиска иднина, бидејќи со овој изум во блиска иднина сака да ги зголеми ловековите способности.
Во продолжение погледнете во кои се ситуации можете да го користите овој необичен додаток и за што всушност служи шестиот прст.
Поврзани артикли