Швајцарски унивезитет во Цирих денеска го претстави првото силиконско срце, односно вештачко и меко срце. Истражувачите го испринтале срцето со 3Д принтер и засега ова е само прототип.
Целта е да се задоволи побарувачката за трансплатација на срце низ светот. За разлика од претходни обиди да се направи вештачко срце, овој модел е „близу истата големина како на пациентот и солидно го имитира човековото срце во формата и функцијата, тврди Никола Корс, студент на докторски студии на Универзитетот во Цирих. Повеќето срцеви пумпи помалку наликуваат на човековото срце, а сериозен предизвик е дизајнот на срцето да соодветствува со пациентот. Токму кај 3Д принтерот е предноста да се креира срцето според секоја индивидуа.
Прототипот тежи 390 грама, нешто повеќе од вистинското срце поточно 300 грама кај маж и 245 грама кај жена во просек. Истражувачите се уште не го создале финалниот производ, така што вакво срце може да издржи околу три илјади отчукување или околу 45 минути, поради потрошниот силиконски материјал додека пумпа. Научниците велат дека со претставувањето на ова срце целта е да се покаже нова насока за развој на вештачки срца.