Астрономите од Универзитетот „Кембриџ“ откриле ѕвезда која е за малку поголема од Сатурн, што ја прави најмалиот ѕвезден објект познат на науката.
Ѕвездата е наречена „EBLM J0555-57Ab“ и е мала онолку колку што е можно според физичките закони, но е исто така и најгуст активен ѕвезден објект што некогаш е откриен. Гравитацијата на површината на објектот е околу 300 пати посилна од онаа на Земјата, што значи дека има доволно маса за да ја активира фузијата од водородни јадра во хелиум. Тоа е истата реакција што му дава моќ на нашето Сонце.
Големите ѕвезди се топли и огромни, но имаат недостиг на маса за да одржат стабилна водородна фузија во сопствените јадра, па затоа понекогаш се нарекуваат и „паднати ѕвезди“. Пред новооткриената ѕвезда за најмала се сметала „OGLE-TR-122b“ – црвена џуџе-ѕвезда која е за 20 проценти поголема од Јупитер. Новооткриената „EBLM J0555-57Ab3“ е оддалечена околу 600 светлосни години од Земјата и е дел од уникатен, искривен бинарен систем.
Малите ѕвезди со маса помала од 20 проценти од Сонцето се најчести во галаксијата, но сепак знаеме многу малку за нив бидејќи е многу тешко да се детектираат зашто се мали и немаат силна светлина. Ова откритие е еден чекор напред во таа насока, а експертите се надеваат дека во иднина ќе дознаат многу повеќе за ваквите ѕвезди.