High-end телефонот на Apple може да чини до 1.500 долари. Ова е цената што можеби ќе треба да ја платите за да го имате најдоброто од трите нови модели што доаѓаат во септември.
Според блог постот на одличниот познавач на светот на Apple и познат подкастер, Џон Грубер, главниот извор на проблемите се OLED панелите. Samsung можеби нема да може навреме да му достави доволно панели на Apple. Затоа гласините почнаа да доаѓаат дека од трите нови модели само iPhone 8 ќе има OLED дисплеј. Дури и ова можеби не е доволно за да и служи на критичната маса. Затоа Грубер смета дека Apple ќе ја зголеми цената на iPhone 8, компензирајќи ги проблемите за време на производството.
„Сумата од 1.500 долари како почетна цена веројатно е превисока. Но, мислам дека 1.200 долари е сосема веројатно како почетна цена, со тоа што high-end моделот би чинел 1.300 или 1.400 долари“, напиша Грубер.
Тој смета дека, кога Apple ќе го лансира својот нов модел, ќе биде потребно да се изработат десетина милиони нови iPhone телефони, што значи дека не сите ќе добијат компоненти од најнова генерација, како што е тоа случај кај некои од конкурентите.
А ако Apple би лансирал скап iPhone телефон, повисоката цена би ја намалила побарувачката. Наместо да го одложува пуштањето во продажба, поради на пример недостаток на OLED екрани од понова генерација, Apple би можел и да задржи за околу 30 до 40 отсто пониска цена, такашто ќе претстави нов модел со додатокот “Pro” или “Edition” во називот.
„Изгледа дека iPhone со OLED дисплеј во овој момент не може да биде произведен во количество од 40 милиони парчиња за едно тромесечие. Барем не засега. А ако е тоа точно, тоа значи дека тој модел ќе биде и поскап“, пишува Грубер.