Министерството за финансии официјално ќе се обрати до Пејпал (PayPal) за да ја отпочне постапката за воведување на услугата „прием на пари” (receive) во Македонија преку платежниот сервис PayPal. Со ова ќе се овозможи македонските граѓани и фирми да продаваат свои производи и услуги на светските пазари и да вршат прием на плаќања преку PayPal.
Ова е заклучокот од вчерашната средба на претставници од Министерството за финансии, Народната банка на РМ, министерствата за економија и информатичко општество и претставници од 4 деловни банки во Македонија, заедно со потписниците на оваа иницијатива.
Основачот и со-сопственик на Логин Системи, Венко Глигоров, заедно со дел од Фесјбук и Твитер заедницата покренаа иницијатива за воведување на Пејпал како платежен сервис за продажните места во Македонија.