Intel ги претстави новите Skylake-SP, Xeon процесори. Компанијата се надева дека перформансите се доволни за корисниците да заборават на новата Epyc платформа на AMD. Имињата на процесорите во серијата се имиња на метали. Достапни се: Bronze, Silver, Gold и Platinum.
Xeon SP (SP e за скалабилна платформа), доаѓа со максимални 28 јадра и 56 тредови (thread). Компанијата ветува дека оваа генерација во просек е 1.65 пати побрза од претходната. Кога вештачката интелигенција е во прашање перформансите се и подобри. Новата серија е 2.2 пати побрза од претходнатa.
AnandTech веќе направи први тестови и споредби на процесорите од Intel и AMD. Резултатите се блиски. Xeon е побрз во дел од тестовите, Epyc е побрз во други тестови. Најголема предност на AMD барем во моментов е цената, за половина од парите корисниците добиваат приближни перформанси.
AMD’s EPYC 7601 чини 4.200 долари, а Intel’s Xeon 8176 над 8.000 долари.
Поврзани артикли