Додека се обидувамe да ослабеме многумина од нас не сакаат да се погледант во огледало, но паметното огледало на Grundig ќе ве натера да ја видите вистинската слика од себе, изјавија од компанијата на саемот IFA во Берлин за време на презентацијата на нивниот паметен додаток за домот. Grundig огледалото го изложи во склоп на паметна куќа, на која годинава беше ставен акцентот на саемот.

Паметното огледало е поврзано со дигитална вага на која застанувате и на огледалото веднаш се гелдаат податоците за тежината, индексот на телесната маса и движењето на масата, односно губењето на килограмите. Освен овие мерки, огледалото прикажува и други параметри. На пример, може да се поврзе со паметна четка за заби, која Grundig исто така ја претстави во Берлин. Тогаш на огледалото се гледаат податоци за тоа колку долго сте ги миеле забите и совети кога треба да ја смените четката.

Паметното огледало на Grundig засега е само прототип, а од компанијата нагласија дека се надеваат дека во иднина ќе го произведуваат за масовна потрошувачка. Неговите функции идат во прилог на здравиот начин на живеење и размислување, што Grundig годинава посебно го нагласи во кампањата.

Извор: 24 sata.hr