Во декември, на пазарот ќе се појави нов гаџет за миење заби кој користи вибрации со амплитуда од 9,5 G.
Можеби електричните четки за заби ќе завршат во ѓубре, бидејќи доаѓа нов гаџет за орална хигиена наречен Amabrush.
На овој гаџет кој делува како заштитна гума за заби го прикачувате „топчето” со вибромотор и капсулата со забна паста, го ставате во уста, а тој со помош на вибрации со амплитуда до 9,5 G ќе ги исчисти вашите заби за само 10 секунди.
Колку и да звучи бизарно и непотребно, треба да се знае дека проектот наместо потребните 50.000 евра, на Kickstarter собра дури 428.383 евра и тоа 27 дена пред истек на кампањата, па ќе почне да им се испорачува во декември на сите оние кои ќе уплатат 79 евра.