Стартап компанијата Essential, основана од креаторот на Android – Енди Рубин, задоцни со испораката на смартфонот Essential Phone. Компанијата вети дека првите Essential уреди ќе излезат на пазарот до крајот на месец јуни, но до денес продажбата не започнала.
Essential Phone беше претставен кон крајот на месец мај оваа година. Смартфонот е карактеристичен со својот дисплеј, кој е речиси без рамка, и линијата додатоци кои се вклучуваат кон смартфонот со помош на магнетен конектор. За време на презентацијата Енди Рубин изјави дека продажбите на мобилниот уред ќе започнат по 30 дена, но овој рок истече на 29 јуни.
Cnet соопшти дека негови вработени нарачале два примерока на Essential Phone кои така и не се добиени. Производителот не ги објаснува причините за доцнењето, а во веб-сајтот на проектот се вели дека дополнително ќе биде соопштено кога корисниците ќе го добијат уредот.
Екранот на Essential Phone е практично без рамка, а во горниот централен дел се наоѓа предната камера. Куќиштето на овој паметен телефон не е направен од алуминиумска легура, како е кај другите мобилни телефони, туку од титаниум и керамика.
Одложувањето на продажбата не е нешто невообичаено. Ова најчесто се случува поради проблеми со снабдувањето и дополнителни проверки на регулаторните тела.