Безжичните слушалки AirPods на Apple станаа едни од најпопуларните модели на пазарот, а успехот на неодамна лансираните AirPods Pro покажува дека луѓето сè уште сакаат да ги купат. Сепак, ова наскоро може да се промени, бидејќо се шпекулира дека Apple може да ги вметне AirPods во кутијата на својот следен модел на iPhone.

Иако ова не е прецизирано, можно е само Pro моделите да добијат безжични слушалки во кутијата, но не и поевтиниот, стандарден iPhone 12. Овие гласини мора да бидат земени со резерва, затоа што Apple е добро познат по својата скржавост во однос на додатоците што ги вклучува во комплетите.

Оваа година, за прв пат, на купувачите на iPhone 11 Pro им беше даден побрзиот полнач во кутијата на смартфонот, а поевтината варијанта продолжи да доаѓа со бавниот полнач од 5W. Кога станува збор за слушалките со кабел, компанијата со години го користи истиот Lightning адаптер, без оглед на моделот на iPhone.

Ако гласините се покажат точни, не е чудно да биде зголемена цената на Pro моделите за 100 долари. Тоа би значело дека корисниците сè уште ќе заштедат 60 долари, но во исто време ќе плаќаат и 100 долари повеќе доколку веќе поседуваат AirPods слушалки.

Овој потег има смисол за Apple, ако компанијата сака да го прошири јазот помеѓу стандардните и Pro моделите – безжичните AirPods слушалки во кутијата може да ги натераат луѓето да „брцнат“ подлабоко во џебовите за поскап телефон.