Заштита од овој вид измама се уште не постои

На Интернет повторно се прошири уште една нигериска измама. Овој пат, измамниците директно од корисниците бараат лични податоци, претставувајќи се како Eco банка.

Во мејлот што го добиваат корисниците, измамниците бараат цело име и презиме, бројот на сметката, земјата, градот, телефонскиот број, но и информациите од пасошот, личната карта или возачката дозвола.

Наводно овие податоци се потребни со цел таканаречената Eco банка да може да ви испрати Master Card кредитна картичка.

За жал. многу корисници на интернет веруваат во вакви мејлови, иако уште на прв поглед се гледа дека во прашање е измама.

Измамата се гледа по адресата од која стигнува мејлот, а која изгледа вака [email protected].

 

Мејлот кој го добиваат корисниците изгледа вака:

Заштитата од ваков вид на измама се уште не постои. Без оглед што голем број мејл клиенти (Gmail, Yahoo, Outlook…) содржи таканаречени „спам филтри“ што поштата од овој тип автоматски ја сместуваат во спам фолдерот и натаму може да се случи некоја порака во инбокс да делува реално.

Никогаш не испраќајте доверливи информации за вашата банковна сметка преку мејл. Доколку некој ве контактира на овој начин, мејлот веднаш означете го како спам и избрешете го.