Да ги оставиме на страна алатките како Google Translate или Maps без кои денес скоро и да не се снаоѓаме. Апликациите и алатките забележаа огромен раст во само неколку години поради напредниот развој што станаа пазар сами по себе. Нема да станеме роботи доколку ѝ препуштиме на технологијата да ни заштеди малку време кога го планираме патувањето. Денес, со само неколку чекори можете да дознаете се’ што вие потребно околу патувањето.

Дали ќе врне дожд или ќе биде ведро и топло

AccuWeather и YR се само две од низата апликации со чија помош преку пат на роаминг можете да добиете информации за веројатноста за дожд, снег или поголеми временски непогоди кога се наоѓате во странство. Во последно време расте незадоволството од метеоролозите и неточноста на нивните предвидувања, а слично е и со апликациите со тоа што луѓето најчесто проверуваат неколку страници за да добијат информација за временските услови.

Во секој случај, сите продолжуваме да ги користиме и ни претставуваат ориентир кој влијае на нашиот избор. Горенаведените апликации се издвојуваат со просечна оцена од 4,3 за AccuWeather и 4,2 за YR, како и со позитивни рецензии од корисниците.

Како најлесно од точка А до точка Б

Без разлика што медиумите денес пишуваат за Uber, станува збор за еден од најпрактичните и најбезболните начини на превоз, особено кога се наоѓате во непознат град или во странска земја. Со бројните промотивни кодови и бесплатните возења кои ги нудат, како и фактот дека сами бирате помеѓу два типа на возење и возила преку мобилниот, голема предност претставува и тоа што можете да го следите возилото од стартот па до пристигнувањето на вашата локација. Причината поради која Uber стана прв избор е тоа што многу пати за време на викенд или во најголемиот сообраќаен метеж, обичните такси компании остануваат без слободни возила. Преку апликацијата веднаш можете да ја видите цената, профилот и фотографијата на возачот, на чие однесување или тип на возење на крајот можете и да се пожалите.

Каде ќе преспијам?

Сервисот AirBNB стана апликација која не смее да се изостави при бизнис и личните патувања во странство. Едноставно ја внесува локацијата и датумот кога ќе престојувате, како и преферираната цена, па сервисот ќе ви сугерира слободни места. Оваа апликација остави голема трага и ја промени перцепцијата за овој пазар, при тоа олеснувајќи го процесот на пронаоѓање сместување.

Друга практична апликација може да биде секако и Booking со која во било кој дел од годината, како што и самата компанија има наведено, можете да најдете „од колиба до резорт“. Без разлика кое од 96 000 дестинации кои се понудени ќе го одберете, со едноставна и прегледна содржина достапна 24 часа дневно преку мобилниот телефон ќе пронајдете и ќе резервирате хотелско сместување.

Си го заборавив костумот, што ќе облечам за состанокот?

Wish е апликација која ќе ви помогне да пронајдете парчиња облека кои ви одговараат по доста поволни цени. Предноста од користењето на апликацијава до сега ја препознале преку 200 милиони луѓе ширум светот, а како најпрактична се покажала во случаи кога немате толку време на располагање за шетање низ трговски центри. Со апликацијата, можете да си изберете нова комбинација за следниот важен состанок од топлината на вашиот дом или додека сте на патување во странство.

После состанокот треба и да се вечера фино

Во овој случај, многу е едноставно. Апликацијата која ви е потребна е TripAdvisorкаде ќе ги прегледате рестораните во близина, заедно со фотографии и рецензии од останати корисници.

Неочекуван и итен онлајн состанок

Со оваа ефикасна апликација ќе можете да се приклучите на конференциски состанок со различни делови од Земјата и тоа користејќи го сопствениот мобилен телефон. Станува збор за Skype for Business PSTN Conferencing што во суштина е надополнета верзија на Microsoft пакетот Office 365. Да се патува од еден на друг крај од светот дефинитивно има свои предности, но некогаш во предвид треба да се земат и објективните предности на заштеда време и пари.

За сите овие бенефити на модерното време потребна ќе ви биде само добра интернет врска или роаминг, без разлика дали се наоѓате во државата или некаде во странство.

ИЗВОР: Poslovni.hr