Холандската компанија Lightyear развива електричен автомобил Lightyear One кој се полни со сончева енергија и може да се движи со месеци без потреба од полнење.
Компанијата тврди дека Lightyear One нема да биде само прв семеен автомобил на соларен погон, туку ќе биде и прв таков на четири тркала.
До сега се примени пет нарачки за овој автомобил кој чини 119.000 евра, а производството ќе почне откако че се нарачаат барем 200, што се очекува да се достигне до следната година.
Спецификациите и останатите детали за автомобилиот не се објавени, а најавата погледнете ја во видеото.
Поврзани артикли