Microsoft се подготвува за уште едно поголемо реструктуирање, кое ќе резултира со отпуштање на голем број вработени ширум светот. Официјалната објава на оваа постапка се очекува подоцна оваа недела, а изворите блиски до оваа тематика сугерираат дека реструктуирањето ќе се фокусира на продажниот сектор на софтверскиот гигант, а ќе вклучува и спојување на одделенија.
Ова значи дека Microdoft би можел да го обедини ентерпрајз потрошувачкото одделение со една или повеќе SME-фокусирани дивизии. Можно е дека масовните отпуштања, што се во најава, ќе бидат поврзани со интерните промени што ги направи Microsoft минатата година.
Ова не е прв пат Microsoft да се одлучу на значајно намалување на бројот на вработени. Кон средината на 2015 година, компанијата елиминираше преку 18.000 работни места низ светот, а најскорите отпуштања компанијата ги спроведе минатаа година, кога без работа останаа 2850 работници.