Шефот на кинескиот интернет гигант Alibaba Group, Џек Ма прогнозира дека по 30 години луѓето ќе работат 4 дена неделно, наместо сегашните пет.

„Мојот дедо работел по 16 часа дневно на полето и се сметал за многу зафатен. Денес ние работиме по осум часа, пет дена во неделата и сметаме дека сме многу зафатени“, вели милијардерот во интервју за телевизискиот канал CNBC.

Џек Ма гледа иднина во која луѓето ќе имаат повеќе време за патувања.

„Обично луѓето посетуваат по 30 места во својот живот. Но, по 30 години најверојатно ќе можат да посетуваат 300 места“, вели тој.

Основачот и актуелен менаџер на Alibaba Group е најбогатиот азиец и е на 14-то место во светот. Состојбата на 52-годишниот Џек Ма се проценува на 41,8 милијарди долари.

Неговите предвидувања се совпаѓаат со оние кои ги изнесе и познатиот економист Џон Мајнард Кејнес, кој смета дека до 2030 година, работната недела ќе трае околу 15 работни часови, затоа што роботите полека ќе почнат да ги менуваат работниците.

„Првата технолошка револуција ја предизвика Првата светска војна, втората беше причина за Втората, а ова денес е третата револуција“, вели Ма, и истакнува дека често патува за да ги предупреди светските лидри брзо да дејствуваат затоа што верува дека кровот треба да се поправи додека сè уште е во функција.