Неодамна имаше гласини дека LG би можел да го произведува поголемиот наследник на оригиналните Pixel и Pixel XL (што би можел да биде таблет), а сега новите информации сугерираат дека производител на новите Pixel смартфони би можела да биде компамијата HTC. Тајванската компанија ги креираше првите Pixel модели минатата година, а HTC и Google се партнери веќе долго, така што новата соработка не би претставувала изненадување.
Најновите вести доаѓаат од блогот на јапонски јазик, кој ѕирна во системските фајлови на HTC U11. Фајловите ги споменуваат S2 и M2 уредите, што сугерира на Pixel 2 и Pixel XL 2, со оглед на тоа дека телефоните од првата генерација ги носеа кодните имиња S1 и M1.
Фајловите исто така сугерираат дека двата телефона ќе имаат Qualcomm Snapdragon 835 процесор, што одговара на претходните гласини за телефоните. Претходните GFXBench тестови сугерираат и 5.6-инчен дисплеј (2560 x 1312 пиксели), како и 4 GB RAM за Pixel XL 2.
Во секој случај, до крајот на годината ќе ги дознаеме сите детали, бидејќи на почетокот на годината, официјалните лица на Google потврдија дека втората генерација на Pixel телефони ќе пристигне до крајот на 2017.
Поврзани артикли