Екипите на TigerMobiles и Onleaks ги здружија силите и заедно направија видео со најуверливиот модел на iPhone 8 досега. Колку што ни е познато, моментно нема ништо повеќе што наликува на производот чие претставување го очекуваме во септември.

Природно е бројот на вестите за iPhone 8 експоненцијално да расте како се приближуваме до неговото лансирање во септември. Оваа ситуација е уште поспецифична, бидејќи – иако имаме многу информации кои протекоа – се уште не сме виделе многу од самите делови на уредот. Можеби службата на сигурност која ја сочинуваат бившите вработени во NSA и FBI ги преплаши вработените со малку подолги прсти. Сега единствен проблем е тоа што ни е потешко да замислиме што можеме да очекуваме наесен.

Tемата на ова видео е моделот на телефон кој обично го изработуваат компаниите за производство на додатоци за да можат да создаваат соодветни маски, заштитни фолии и други додатоци за новиот уред и да ги лансираат на пазарот паралелно со објавување на самиот телефон. Секако, ваквите записи можат да бидат и добри и лоши, но овој е навистина добар.

Уредот прикажан во ова видео е изработен со CNC постапка. Се темели на 3D CAD набавен директно од фабриката одговорна за производството на новиот iPhone. Бидете свесни дека некои детали можеби ќе се променат пред официјалното лансирање, истакнаа творците на видеото.

Се исплати да се погледне ова видео во HD бидејќи така ќе ги видите сите детали. Јасно се гледа чистата задната страна од стакло и вертикалната дуал камера на неа. Што се однесува до самата големина, овој модел е некако помеѓу iPhone 7 и iPhone 7 Plus, со димензии од 143,5 x 71,03 x 7,46 mm, но и нешто подебел од овие два модела (iPhone 7: 138,3 x 67,1 x 7,1 mm; iPhone 7 Plus: 158,2 x 77,9 x 7,3 mm). На предниот екран го нема Home копчето, а и рамката е речиси непостоечка.

Кога сме веќе кај оваа тема, мораме да спомене дека веќе може да се види како ќе изгледа технологијата за читање на отисоци на прсти вградена во екранот, бидејќи Vivo и Qualcomm заедно претставија функционален прототип на паметен телефон што го препознава својот сопственик со помош на ултразвучното решение на Qualcomm. Предноста на оваа технологија (освен што лесно може да се смести под екранот) е дека не е осетлива на „чистотата” на отисокот на прстот: може да биде влажен, валкан, правлив или масен, идентификацијата функционира во секоја ситуација. Дури и под вода!