Американскиот портал ‘Renewable Energy World.com’ соопшти дека компанијата MHI Vestas Offshore Wind ја претставила најголемата ветерна турбина во светот. Како што се истакнува, се работи за ветерна турбина со моќност од дури 9,5 MW која по своите димензии е поголема од дијаметарот на тркалото на лондонскиот ротирачки видиковец London Eye.
Височината на гондолата изнесува 187 m, а должината на лопатките на роторот 80 m. Вкупната маса изнесува 390 t и се смета дека оваа ветерна турбина може да произведе енергија за покривање на потребите на 8300 британски домаќинства.
Компанијата MHI Vestas Offshore Wind е заедничко вложување на данскиот производител за ветроенергетска опрема Vestas Wind Systems и јапонската индустриска групација Mitsubishi Heavy Industries. Во идните планови на компанијата претстои развој на ветерни турбини со уште поголема моќност, односно до 15 MW.
Поврзани артикли