Ако може да му се верува на сајтот Bright Sige, нашите куќни уреди, мобилни уреди и електрониката имаат „таен“ живот, кој продолжува и кога ќе ги исклучиме, односно изгасиме, како што многумина сакаат да кажат.
Овој таен живот, како што тврдат, е одговорен за потрошувачката на струја која на некој може да му изгледа занемарлива, но сепак е потрошена струја. Еве пет уреди кои најчесто ги оставаме вклучени и кога мислиме дека повеќе не работат:
- Полначот на мобилниот телефон без телефонот, 1.2 вати дневно (минимално)
- Телевизискиот, односно кабловскиот рисивер, 22 вати дневно (22)
- Телевизорот, 24 вати дневно (25)
- Компјутерот или лаптопот, 96 вати дневно (100)
- Уредите со дигитален тајмер, 108 вати дневно (114)
Вкупната потрошувачка на струја, според овој сајт, е дадена во заградата покрај уредот.