Нови 2,6 милијарди луѓе ќе користат мобилен интернет до 2022 година, предвидува последното истражување на компанијата Ериксон, или во просек над 1 милион дневно.
Доминантна пристапна технологија ќе биде LTE (исто позната како 4G) во 2018 година, правејќи ја најбрзорастечка мобилна технологија во историјата. Вкупниот сообраќај во мобилните мрежи порасна за 70 отсто помеѓу крајот и почетокот на првиот квартал на 2016 година.
Ериксон предвидува континуиран раст на мобилната конекција, при што до 2022 година глобалниот мобилен сообраќај на податоци ќе се зголеми до осум пати над сегашното ниво. Овој сообраќај е еднаков на:
- Населението на Шпанија да стрима на HD видео 24 часа на ден за еден месец
- Еден претплатник да стрима HD видео постојано за 3.55 милиони години
- 31 милијарди часа непрекинат HD видео стриминг
Употребата на смартфони и лесниот пристап до мобилни интернет услуги се објаснување за податоците поврзани со сообраќајот. До крајот на 2022 година, вкупниот сообраќај на мобилни податоци од паметните телефони ќе се зголеми 9 пати, достигнувајќи 66 ExaBytes месечно.
LTE се претвора во најшироко распространетата технологија во историјата.
Во 2018 година LTE (4G) ќе го надмине GSM како најзастапена технологија за пристап по бројот на претплати. Потребни беа само пет години LTE да покрие 2,5 милијарди луѓе во споредба со осумте години за WCDMA / HSPA или 3G. Само во првиот квартал на оваа година имало 250 милиони нови LTE претплати.
Додека ширењето на LTE се должи на побарувачката на подобро корисничко искуство и побрзи мрежи, распоредување на 5G ќе биде условено и од потребата од подобрени мобилни широкопојасни можности, како и од индустриски решенија за ефикасност и автоматизација. 5G ќе биде мрежата која ќе поддржува разни сценарија на употреба.
Над половина милијарда 5G претплатати се очекува да бидат активирани до 2022 година, без да се вклучуваат IoT врските. Дотогаш се очекува 5G да покрива околу 15 отсто од светското население.