Изгледа дека компанијата Vivo успеа во она што на Samsung не му појде од рака со Galaxy S8 серијата, а веројатно ни се претстојниот Galaxy Note 8 фаблет. Според најновото видео, кинескиот производител би можел да биде првата компанија која ќе претстави смартфон со сензор за читање отисоци имплементиран во самиот дисплеј.
Видеото го прикажува телефонот со in-display технологија во акција. Она што засега не е познато е дали кориснците можат да го стават прстот било каде на екранот кога го очитуваат отисокот, или тоа е потребно да се направи во рамки на одредена област на телефонот.
Покрај ова видео, засега нема други информации за претстојниот Vivo смартфон.
ИЗВОР: NextPowerUp