We Are Social и Hootsuite креираа извештај за дигиталниот пазар ширум светот. Извештајот открива дека 67 проценти од популацијата, односно 5 милијарди луѓе користат некој вид на мобилен уред. Од сите користени уреди, 80 проценти од нив се телефони.
Бројот на корисници на социјалните мрежи пропорционално расте. Facebook го користат преку 230 милиони луѓе само во Америка. Уште еден забележителен раст стигнува од Индонезија, каде што бројот на активни корисници достигна бројка од 117 милиони.
Интересно е дека вкупниот број на месечни активни корисници на Facebook сега е на околу 1,938 милијарди, што претставува пад од 1,5 проценти. Аналитичарите веруваат дека нема причина за паника бидејќи социјалната мрежа веќе за неколку недели ќе има две милијарди активни корисници.
ИЗВОР: GSMArena