Опцијата на архивирање пристигна на Instagram во целосен облик и сега им е достапна на сите корисници. Archive функцијата на корисниците им овозможува лесно да ги сокријат фотографиите без потреба од нивно бришење.
Содржината е можно да се врати во било кој момент. Лајковите и коментарите, кои се дел од објавата, ќе бидат задржани во случај корисникот да одлучи да ги поврати содржините. Фотографиите е можно да се прегледуваат и додека се архивирани.
Instagram ја пробуваше оваа функција во текот на минатиот месец, а ќе им користи на оние кои привремено сакаат да ја сокријат содржината (на пример, доколку имаат стар селфи од кој се срамат или доколку се пријавиле за работа и не сакаат идниот шеф да ги види неприкладните фотографии).
ИЗВОР: NextPowerUp