Двата нови 35-инчни дисплеи ќе се наоѓаат во мониторите Acer Predator X35 и Asus ROG Swift PG35HQ
Nvidia откри дека со компаниите Acer и Asus работи на два премиум гејмерски монитори, кои ќе имаат изворна резолуција 3440 х 1440 пиксели, заедно со брзо освежување од 200 херци.
Мониторите ќе бидат понудени со големи, 35-инчни екрани, благодарение на AU Optronics LCD панелите. Екраните ќе имаат максимално осветлување од 1000 нита и ќе ги одликува Quantum Dot Enhancement Film технологијата за импресивна прецизност на боите, заедно со Nvidia G-Sync технологијата.
Двата нови 35-инчни дисплеи, на кои треба да се обрне внимание ќе се наоѓаат во мониторите Acer Predator X35 и Asus ROG Swift PG35HQ. И двата монитора на пазарот ќе бидат достапни подоцна оваа година.
Извор: TweakTown