Google се гордее со нивото на детекција на спам пораките од дури 99,9 проценти
Од Google велат дека имплементирале нови техники што значајно ќе ја поправат и онака добрата сигурносна заштита која на своите, пред се бизнис корисници им го пружа најпопуларниот webmail сервис на светот, Gmail. Дури 50 до 70 проценти од сите пораки кои доаѓаат во inbox-от на корисниците претставува спам, а Google сега се гордее со нивото на детекција на истиот од дури 99,9 проценти, што е остварено преку технологијата на машинско учење.
Истата технологија отсега ќе биде користена и за раното откривање на phishing пораки, кои со лажни линкови можат да го измамат корисникот, па тој, мислејќи дека отвора некоја легитимна страница, всушност им дава свои податоци на напаѓачите. Gmail отсега сите пораки што би можеле да спаѓаат во phishing доменот дополнително ќе ги скенира. Доставата на истите до корисникот ќе биде одложена додека системите на Google детално не ја проверат нејзината содржина, а корисниците во случај да посакаат да кликнат на некој сомнителен линк, ќе бидат дополнително предупредувани.
Првите резултати покажуваат дека моделот на детекција на несаканата пошта што се потпира на машинско учење е многу подобар отколку што беше рачното филтрирање, се пофалија од Google.
За бизнис корисниците ќе биде додадена и опцијата за предупредување кога испраќаат мејлови надвор од својата компанија, како и дополнителната заштита од малвери и други злонамерни програми што е шират преку електронска пошта.