Compute Card е мини компјутер, нешто малку поголем од кредитна картичка, што според перформансите може да ги засрами и стандардните компјутери

Intel го претстави Compute Card, компјутер со големина на кредитна картичка што можете да ја понесете со себе. Често се вели дека паметните телефони се всушност компјутери што може да ги собере во вашата дланка. Но, се чини дека Intel создаде вистински компјутер што секаде можете да го носите.

Compute Card е своевиден мини компјутер, нешто малку поголем од кредитна картичка, која според своите перформанси би можела да го засрами и многу поголемите „браќа”. Имено, Intel планира Compute Card да ја понуди до цела низа различни конфигурации, зависно од идната намена на малиот компјутер. Познато е дека ќе може да има до 4 GB RAM и 128 GB флеш меморија, со вграден приемник за безжичен интернет и Bluetooth 4.2.

Intel веќе најави и цела низа партнери што ќе ги изработуваат пропратните уреди за Compute Card. Еден од примерите е куќиште кое малиот компјутер го претвора во полнокрвно PC, а ги содржи сите вообичаени приклучоци како USB, HDMI и Ethernet приклучок.