Минатата година, Apple првo ги пушти во продажба iPhone 12 и 12 Pro моделите (предпродажбата почна во средината на октомври), а потоа следуваа iPhone 12 и 12 Pro Max (на почетокот на ноември). Оваа година, компанијата од Купертино може истовремено да ги пушти сите четири модели на iPhone 13, врз основа на информациите од Кина.

Сајтот IT Home објави скриншотови од апликацијата за е-трговија, што покажува дека сите четири модели на iPhone 13 ќе се најдат во продажба од 17 септември. Ова се однесува на Кина, која требало да биде во првиот бран на земјите кога станува збор за продажбата.

Новите Apple AirPods 3 TWS слушалки ќе пристигнат неколку недели подоцна и ќе бидат пуштени во продажба од 30. септември. Се разбира, пред споменатите датуми на продажба се очекува и пократок период на претпродажба.

Иако гореспоменатите информации може да бидат неточни, повеќето аналитичари сугерираат дека Apple планира да ја претстави својата iPhone 13 линија во септември. Исто така, се очекува дека новите модели да се продаваат подобро од оние од минатогодишната генерација, а Блумберг предвидува дека Apple сака да има 20 проценри повеќе смартфони при лансирањето.

Минатогодишната ситуација со пандемијата на коронавирус доведе до бројни одложувања на испораките, што ги наруши плановите на компанијата. Во меѓувреме, Apple и неговите партнери научија како да се справат со ситуацијата, и оваа година се очекува вообичаениот септемвриски план за објавување на iPhone линијата.