Не е необично некоја личност да ве шпионира на Facebook – најчесто се работи за личност за која не ни помислувате дека би можела да го направи тоа.

Социјалните мрежи се одлични за комуникација и за одржување на врските со пријателите и блиските личности. Но меѓу стотиците пријатели може да се најде некој што не треба да ви биде во близина. Шпионирањето на почеток можеби и не е толку препознатливо, меѓутоа, дефинитивно треба да знаете дека не го прават само личности од спротивниот пол. Не е необично да ве шпионира и личност од истиот пол, за која никогаш не би ни помислите и со која пиете кафе или сте колеги на работа.

Како да препознаете ваква личност? Обрнете внимание на тоа како се однесува на Facebook.

– Дали коментира на секој ваш статус? Дури и ако сте поставиле некаков статус што не бара коментар, личноста ќе лајкне и ќе ви остави коментар, макар тоа и да е смајли.

– Ви ги лајкнува сите фотографии, дури и оние за кои сте заборавиле дека сте ги објавиле пред повеќе години.

– Ви испраќа чудни пораки во секој дел од денот и ноќта.

– Ви се јавува во истиот момент кога ќе се логирате на Facebook.

– Се појавува меѓу контактите на чат иако не комуницирате со таа личност преку чат. Алгоритмот на „Фејсбук“ следи како реагираме на објавите на нашите пријатели, па ако некој често го посетува нашиот профил, „Фејсбук“ ќе ви понуди да стапите во контакт. Така, ако не комуницирате со некоја личност, а се наоѓа на високо место на листата со луѓе достапни за час, тогаш можеби оваа личност постојано го проверува вашиот профил.

Додека сето тоа е во рамките на пристојноста, не треба да се грижите. Но ако пораките станат непристојни и навредливи, секогаш имате можност да ја блокирате личноста на Facebook.

Извор: Zimo.hr