Засега не е познато во кој правец ќе оди MSI и на што компанијата цели со имплементација на USB C на графичката картичка

MSI влегува на интересна територија со најава на својата надоаѓачка графичка картичка GeForce GTX 1080 Ti Gaming X 11G. Ова ќе биде прва графичка картичка на светот која пристигнува со USB Type-C порт.

MSI објаснува: „GeForce GTX 1080 Ti има графички перформанси базирани на Pascal и ексклузивен термален дизајн TWIN FROZR VI, за да се испорача разладена и тивка гејминг графика, со ненадминати перформанси и ниска потрошувачка. Со револуционерниот USB Type-C, интерфејс поддршката е уште пофлексибилна”.

Засега не е познато во кој правец ќе оди MSI и на што компанијата цели со имплементација на USB C на графичката картичка. Ова би можело да им одговара на некои професионални корисници, кои можеби немаат USB Type-C на матичната плоча. Можеби ќе дознеме повеќе детали кога MSI ќе ја официјализира ооваа уникатна графичка картичка.

ИЗВОР: TweakTown