Се очекува дека Apple во следната година и половина ќе направи транзиција од Intel процесори на своите M1 чипови. Оваа транзиција веќе ја видовме кај MacBook Air, MacBook Pro и Mac mini, но се чини дека компанијата ќе има малку поинаков пристап кога станува збор за попремиум компјутерот Mac Pro.

Извештајот на Bloomberg сугерира дека Apple работи на два Mac Pro компјутера. Еден од нив ќе го задржи истиот дизајн како и сегашниот модел и ќе продолжи да користи Intel процесор. Вториот модел ќе биде уште поинтересен, и се очекува во помал формат и ќе личи на Power Mac G4 Cube.

Се очекува дека за вториот модел Apple ќе го искористи својот М1 процесор. Бидејќи М1 е систем-на-чип (SoC), ќе има помалку потреба од надворешни компоненти бидејќи сè е содржано во еден чипсет. Ова ќе му овозможи на Apple да ослободи повеќе простор и да создаде компактен компјутерски дизајн.