Nvidia почна со објава на официјалните тизери за својата следна голема презентација, а се укажува дека компанијата ќе претстави нешто интересно кон крајот на август.

На Twitter е објавено видео со хаштаг „Ultimate Countdown“, а профилот на Nvidia објави и фотографија со натпис „21 days, 21 years“. Ова веројатно се однесува на објавата на GeForce 256 графичката картичка, со која почна GeForce ерата каква што ја знаеме денес.

GeForce 256 GPU е претставена на 31. август, 1999. година, што значи дека на истиот датум оваа година ќе наполни 21 година. За овој јубилеј, Nvidia би можела да објави што следно не очекува во екосиситемот на компанијата на GeForce графичките картички.