Се работи за единствен рачно изработен песочен часовник, кој наместо песок за мерење на времето користи метални топчиња.
Австралиецот Марк Њусон е еден од најценетите продукт-дизајнери во светот, а од есента 2014 година блиско соработува со главниот дизајнер на Apple, Џони Ајв. Во Apple, Њусон ја имаше и клучната улога во процесот на дизајнирање на Apple Watch, но освен главната работа, очигледно има време да се занимава и со „споредни” прокети.
Во текот на оваа недела беше претставено неговото ново дело кое може да се најде во продажба во ексклузивната продавница за часовници, HODINKEE. Се работи за единствен рачно изработен песочен часовник, кој наместо песок за мерење на времето користи метални топчиња.
Овој стаклен часовник со височина од 15 сантиметри во целост е изработен рачно, односно наполнет со 1,25 милиони топчиња со дијаметар од 0,6 милиметри, изработен од нерѓосувачки челик и обложен со бакар. Вкупно 1,1 килограми од овие топчиња за точно 10 минути поминуваат низ отворот меѓу двете комори на часовникот, но целиот смисол на овој гаџет не е мерењето на времето – туку уживањето при гледањето во него.
Процесот на изработка и идејата што се кријат зад овој часовник, во стилот на својот шеф Ајв, Њусон ја објаснува во приложеното видео. За крај ќе ги издвоиме и податоците кои потенцијалите купувачи ќе ги интересираат. Песочниот часовник е изработен во ограничена серија од само 100 парчиња, доаѓа со дизајнерски потпис и со сертификат на автентичност, а задоволството од поседување на едно вакво уметничко дело изнесува 12.000 долари.
При нарачката потребно е да се уплати депозит од 50 проценти од цената, а испораките ќе бидат извршувани по редот на резервациите и тоа во количина од најмногу 10 месечно.
Поврзани артикли