Ова партнерство е шанса за Panasonic да му го претстави на светот својот EZ1000 OLED 4K Pro HDR телевизор. Panasonic „кnow-how” и соработката со филмската заедница, со средиште во Hollywood Lab, ќе бидат дополнително нагласени за време на траењето на фестивалот во Кан.

Подесен од холивудските професионалци со цел репродукција на сликата на начин што им е верен на оригиналните режисерски замисли, процесорот Studio Colour HCX2 4K е редефиниран за да може да се фати во костец со OLED технологијата, што се одликува со широк спектар од една милијарда бои. Конечниот резултат е попрецизна репродукција на боите, посебно во оние делови на кадарот што е тешко да се репродуцираат – на пример, темните и исклучително светлите нијанси.

Со сертификатите S UHD Premium и THX4K, моделот EZ1000 постави нов стандард во телевизиската технологија. Гледачите сега можат да уживаат во совршено прецизната репродукција на сликата која одговара на намерите на режисерите.

Директорот на Panasonic за францускиот пазар, Ерик Новел по овој повед изјави: „Голема чест е што можеме да го поддржиме Филмскиот фестивал во Кан. Целта на Panasonic е да му врати на филмскиот свет соодветна доза на чест. Ги поместуваме границите во светот на телевизиската технологија, со цел на корисниците да им овозможиме прецизна репродукција на сликата и репродукција која е верна на оригиналната идеја на режисерот. Поради тоа, нашите телевизори им оддават чест на техничкиот персонал, режисерите и актерите”.